Сите еминентни медиуми во Италија ја потврдија веста – Јувентус го договори трансферот на Дејан Кулушевски.
Фудбалерот со македонски корени оваа сезона ја воодушеви Италија со своите настапи за Парма и многу клубови се бореја за неговиот потпис.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интер веќе подолго време беше во преговори, но Јувентус успеа да ја победи конкуренцијата и да го договори младиот талент.
Кулушевски има 19 години, на почетокот на сезоната од Аталанта пристигна во Парма како позајмен играч и ги воодушеви сите со своите настапи.
Италијанските медиуми потврдија дека Јувентус го договорил трансферот со Аталанта и за неговиот потпис ќе плати 45 милиони евра, а Кулушевски ќе остане во Парма на позајмица до крајот на сезоната.
„Старата дама“ ќе плати 35 милиони евра веднаш, а останатите 10 во форма на бонуси. Играчот ќе потпише 5-годишен договор тежок 2 милиони евра по сезона.
⚠ #UltimOra di mercato
— Sky Sport (@SkySport) December 30, 2019
? #Juventus, mani su Dejan #Kulusevski #SkySport #SkyCalciomercato pic.twitter.com/Fvzr7rMKOv