Познатиот италијански новинар, Џанлука Роси лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Антонио Конте не крајот на сезоната ќе го напушти Интер.
Конте е на добар пат да го освои Скудетото со Интер после цели 11 години, но на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тој имаше несогласување со сопствениците и директорите и минатото лето, но сепак остана и оваа сезона постигнува одлични резултати.
Конте сака да си замине како победник и веќе донел одлука да се радели со „нероаѕурите“ на крајот на сезоната.
Новинарот открива дека во Интер веќе го избрале неговиот наследник и дека се во постојан контант со Макс Алегри.
„Контактите помеѓу Марота и Алегри се воспоставени одамна и се интензивни во последно време. На Алегри му е пренесено дека тој е прв извор за заменик на Конте на крајот на сезоната“, открива Роси.