Дома Топ вести „Бомба“ од Апенините: Икарди не останува во ПСЖ, веќе го избрал новиот клуб

„Бомба“ од Апенините: Икарди не останува во ПСЖ, веќе го избрал новиот клуб

Аргентинскиот голгетер Мауро Икарди ова лето пристигна во ПСЖ и веднаш покажа дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот.

После проблемите кои ги имаше во Интер брзо се адаптира во Париз и го истисна Кавани од првиот тим, па редовно ги тресе противничките мрежи.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


ПСЖ има можност да го откупи неговиот договор на лето за 70 милиони евра и „светците“ сакаат да го направат тоа, но наводно самиот Икарди не сака да остене во Париз.

Богатите „светци“ се спремни на се за да го задржат во своите редови, но се чини дека Икарди и неговата сопруга Ванда Нара имаат други планови за во иднина.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Ванда Нара сака да го врати напаѓачот во Серија А и веќе постигнала договор со Јувентус.

Икарди игра во фантастична форма и оваа сезона на 19 натпревари постигна 17 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…