Италијанските медиуми тврдат дека Кристиан Ериксен во јануари најверојатно ќе го напушти Интер.
Ериксен не е задоволен од минутажата која ја има на „Џузепе Меаца“ и затоа планира да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Данецот беше блиску до напуштање на Интер во летниот преоден рок, но сепак остана во Милано. Меѓутоа, работите не се променија, па сега и „нероаѕрите“ сакаат да се ослободат од него.
Медиумите на Апенините тврдат дека силен интерес за Ериксен покажува Милан, па Малдини веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Интер преферира да го продаде Ериксен надвор од Серија А, но доколку не пристигне друга понуда спремни се да ја прифатат понудата на градскиот ривал.
? #Inter, ancora in bilico il futuro di #Eriksen: sul danese ci sarebbe anche il #Milan ?⚫️
— calciomercato.it (@calciomercatoit) November 11, 2020
? #CMITmercatohttps://t.co/3dh6nk2cKv