Дома Трансфер зона „Бомба“ на „Маракана“: Звезда договори засилување од тимот на Мурињо и екс-играч на Милан!

„Бомба“ на „Маракана“: Звезда договори засилување од тимот на Мурињо и екс-играч на Милан!

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Раде Круниќ го договорил трансферот во редовите на Црвена Звезда.

Постигнат е договор со Фенербахче и Круниќ ќе пристигне без оштета со поделба 50-50 од евенуталниот следен трансфер.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Круниќ е поранешен играч на Милан и со Звезда ќе потпише договор на три години, очекувањата се да биде големо засилување за „росонерите“.

Ги помина последните девет месеци во Фенербахче, но не успеа да ги оправда очекувањата. Фенербахче имаше обврска да го откупи неговиот договор до Милан за 3.5 милиони евра, а сега го пушта за 50% од наредниот трансфер.

Мурињо не сметаше на него, па во турскиот гигант се согласија на ваков договор за да се одлободат од неговата висока плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…