Каталонски „Спорт“ и британски „Скај Спорт“ пренесуваат иста вест Манчестер Јунајтед добил зелено светло за преговори со Фелипе Кутињо!
Најскапиот играч во историјата на Барселона е на продажба! Само една година после трансферот од 160 милиони евра од Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот не успеа да се вклопи. Каталонските медиуми пишуваат дека Ернесто Валверде „кренал раце“ од него и дека клубот добил зелено светло да го продаде ако стигне адекватна понуда. Манчестер Јунајтед се распрашуваше, а сега добие зелено светло да тргне во акција.
Во Барса изгубија надеж дека Кутињо ќе ја врати формата од Ливерпул. Доби доволно шанси да се покаже и не успеа. Освен тоа одличните настапи на Дембеле и Артур, како и обезбедениот трансфер на Френки Де Јонг прават гужва на средината. Кутињо нема место ниту во напаѓачката линија со Меси, Суарез и Дембеле (дојде и Боатенг), ниту во средниот ред покрај Бускетс, Ракитиќ, Артур, Видал, а се очекува и поголема минутажа за талентираниот Карлес Алења. Кутињо беше планиран за наследник на Иниеста, но таа улога сега ја превзема Артур и му оди добро.
На 16 натпревари како стартер во Примера, Кутињо пет пати играше како десно крило, исто толку како лево крило и шест пати на десната страна во средината. Никаде не се вклопи…
Манчестер Јунајтед е заинтересиран и сега треба да превземе конкретни чекори и да спреми понуда која ќе ги задоволи апетите на Барселона.
Дали има време се да биде завршено во овој преоден рок или пак зделката ќе остави за наредното лето ќе дознаеме многу брзо…