Дома Останати Ракомет БОМБА: Карачиќ може да се врати во Вардар!!

БОМБА: Карачиќ може да се врати во Вардар!!

Игор Карачиќ пред осум години дојде во Вардар кој го предводеше Веселин Вујовиќ и во клубот остави длабока трага.

Карачиќ со Вардар беше дел од освојувањето на двете европски титули и петте титули во СЕХА лигата. По освојувањето на последната европска титула Карачиќ се пресели во Кјелце и потпиша договор на три сезони.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Но, во Кјелце се појавија проблеми поради коронавирусот и двата главни спонзори ПГЕ Груп и Виве најави дека наредната сезона ќе одвојат само половина од финансиите. Тоа може да направи проблеми во платите кои ракометарите и стручниот штаб ги добиваат според договорите.

Карачиќ замина од Полска пред да се затворат границите и времето го поминува во Скопје со неговата вереница Душица и според информациите на сајтот „24ракомет“ Карачиќ веќе стапил во контакт со новото раководство со кое име одлични односи.

Враќање на Карачиќ сигурно би било од огромно значење на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Томовски на крај на сезоната го напушта Потсдам

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски на крајот од актуелната сезона ќе ја з…