Дома Топ вести „Бомба“: Барселона го враќа Гвардиола

„Бомба“: Барселона го враќа Гвардиола

Каталонски „Спорт“ денес лансираше вистинска „бомба“ и пренесува дека Барселона ќе се обиде ова лето да го врати Пеп Гвардиола на кормилото на „Камп Ноу“.

Оваа вест доаѓа во ист ден откако англиските медиуми пренесоа дека Гвардиола одбил да го продолжи договорот со Манчестер Сити.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Барселона оваа сезона направи една тренерска смена, јасно е дека Сетиен е привремено решение, па Каталонците веруваат дека ќе можат да го убедат Гвардиола да се врати на „Камп Ноу“.

Ова сценарио ќе биде уште поверојатно, ако биде потврдена суспензијата на Манчестер Сити од УЕФА за неиграње две сезони во Лигата на шампионите.

48-годишниот стартег има уште една година од договорот со „граѓаните“ и чека да види како ќе се одвиваат работите на „Етихад“.

За тоа време Барселона работи на негово враќање и верува дека ќе успее во намерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Наполи се во преговори за трампа

Со приближувањето на летниот трансфер период, Манчестер Јунајтед има за цел да го подобри …