Дома Топ вести БОМБА: Барса се договори со Кутињо

БОМБА: Барса се договори со Кутињо

Каталонските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Барселона ги договорила личните услови со Кутињо и е на добар пат да го реализира трансферот.

Имено, радио станицата „RAC 1“ објави дека Барселона ги договорила сите детали од договорот со Кутињо и сега треба да најде заеднички јазик со Ливерпул.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Пред неколку дена, Ливерпул одби понуда од 75 милиони евра за еден од своите најдобри играч, но на Островот веруваат дека трансферот може да се реализира за 80 милиони иако „црвените” тврдеа дека нема шанси да го пуштат за помалку од 100 милиони.

Преговорите траат и можно е веќе до крајот на неделава Кутињо официјално да стане играч на Барселона, а медиумите тврдат дека од неговото доаѓање не зависи од трансферот на Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шчесни: Никој не ми гарантирал дека ќе бидам прв голман

Војчех Шчесни и официјално стана нов голман на Барселона, а во медиумите се пишуваше дека …