Дома Топ вести „Бомба“: Баерн Минхен преговара со Мане

„Бомба“: Баерн Минхен преговара со Мане

Англиските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен е силно заинтересиран за ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане.

Сенегалецот на лето влегува во последната година од договорот со „црвените“, а преговорите за продолжување на соработката се во застој.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Баерн сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе во Минхен, бидејќи Баварците најавија еден голем трансфер летово.

Спортскиот директор Салихамиџиќ веќе имал средба со агентот на Мане, кој е отворен за преселба во Минхен бидејќи смета дека е идеален момент за промена на средината.

Баерн се уште не започнал преговори со Ливерпул, но „црвените“ најверојатно ќе мораат да го продадат ова лето бидејќи следното ќе го загубат без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…