Ривер Плата и Бока Јуниорс во сабота на Монументал ќе го играат реванш натпреварот кој ќе го даде шампионот на Јужна Америка.
Големите ривали од Буенос Аирес за прв пат меѓусебно ќе одлучуваат за големиот континентален трофеј, а од Бока започнаа да испраќаат „отровни стрели“ кон ривалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бока на својот Твитер профил објави мотивационо видео во кое легендарниот Хуан Рома Рикелме упатува навреди кон големиот ривал.
На почетокот на видеото легендарниот фудбалер изговара „Рибер“ што претсавува исмејување на Ривер кој пред неколку години заврши во втората лига на аргентинскиот фудбал.
Ривер во втората лига испадна во 2011 година, додека Бока во својата историја никогаш не играла во понизок ранг.
#JugamosTodos Boca te abre durante toda la semana las redes del club para que le hagas llegar tu video, gif o posteo a más hinchas. Aquí, el video que subió @MinutoBoca con el mensaje de dos próceres. pic.twitter.com/Zj9bq6BNk6
— Boca Jrs. Oficial ?? (@BocaJrsOficial) November 19, 2018