Дома Фудбал Англија Боели во (не)возможна мисија: Во Челзи сака да го доведе првиот фаворит за наследник на Клоп

Боели во (не)возможна мисија: Во Челзи сака да го доведе првиот фаворит за наследник на Клоп

Како што изгледа Маурисио Покетино е пред отказ во Челзи, Аргентинецот не успеа да го врати тимот на вистинската патека, а по последниот пораз од Вулвс со 2:4 би можел да добие отказ.

Првиот човек на „сините“, Тод Боели веќе ја започнал потрагата по нов стратег. Според последните информации на островските медиуми, Боели одлучил да тргне во (не)возможна мисија.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Наводно, газдата на Челзи покажал интерес за Чаби Алонсо. Алонсо на фантастичен начин го води Баер Леверкузен со кој е лидер во Бундеслигата. Но, да се убеди Алонсо да седне на клупата на Челзи нема да биде воопшто лесно.

Посебно, затоа што токму Алонсо е првиот фаворит за наследник на Јирген Клоп во Ливерпул на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

На повидок изненадување: Манчини се враќа во Италија во нова улога?!

Доскоро селекторот на Саудиска Арабија и поранешен селектор на Италија, Роберто Манчини, п…