Дома Македонски спорт Бобан Илиоски не успеа да се пласира на Олимписките игри во Париз

Бобан Илиоски не успеа да се пласира на Олимписките игри во Париз

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски остана без пласман на претстојните Летни олимписки игри во Париз и беше поразен од првиот противник на турнирот во бокс.

Илиоски го промени спортот за да се обиде да дојде до настапи во Париз, сепак неговиот обид помина безуспешно. Илиоски загуби уште во првото коло на квалификацискиот турнир кој се одржува во Бусто Арсизмо, Италија.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Со максимална одлука на судиите победата ја однесе Патрик Барон од Велика Британија.

Илиоски се натпреваруваше во категоријата до 92 килограми во која се пријавија 44 боксери од целиот свет, а од нив само четири обезбедуваат олимписка норма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…