Дома Трансфер зона Боатенг призна дека заминува од Баерн Минхен

Боатенг призна дека заминува од Баерн Минхен

После цели осум години, Жером Боатенг се надева дека неговиот престој во Баерн Минхен ќе заврши на крајот на сезоната.

Искусниот дефанзивец оваа сезона го загуби местото во стартниот тим, а покрај тоа беше изоставен од националниот тим.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Боатенг призна дека размислува за нов предизвик во кариерата и сака да си замине со освоена титула во Бундеслигата.

„Сакав да заминам уште минатото лето, но тогаш Баерн не ме пушти. Скоро во сите сезони кариерата ми одеше на горе, но оваа сезона воопшто не ми е лесно. Имав многу тешки моменти. Се уште не знам со сигурност дали ова е посладната моја сезона во Баерн, но ако е така сакам да си заминам како шампион на Германија“, изјави 30-годишниот дефанзивец.

Минатото лето Баварците му поставија цена од 50 милиони евра, но никој од заинтересираните клубови не сакаша да ја плати таа сума.

Германските медиуми пренесуваат дека дефанзивецот ова лето може да си замине за 30 милиони евра, а интерес за неговиот потпис покажуваат ПСЖ, Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…