Италијанскиот напаѓач Марио Балотели најави дека ќе ја напушти француска Ница, но сè уште нема одлучено каде ќе ја продолжи својата кариера, иако се споменуваа неколку потенцијални дестинации.
Новиот тренер на Ница, Патрик Виеира, неодамна кажа дека Балотели е незадоволен и дека сигурно ќе го напушти тимот, а тие ќе се обиделе да му помогнат во пронаоѓањето на нов клуб.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како заинтересирани екипи и можни дестинации за Балотели се споменуваа Олимпик Марсеј, Наполи и Парма, а во претходните денови се споменуваше и Сасуоло.
Сепак, очигледно такво нешто нема да се случи бидејќи неговиот поранешен соиграч од Милан, Кевин Принс Боатенг, реши на интересен начин да му го честита роденденот на Италијанецот.
„Среќен роденден Супер Марио, секогаш е забавно со тебе. Наскоро ќе играме повторно заедно“, напиша Боатен на својот Твитер профил.
Happy birthday Super @mb459 always fun times with you!! #soonwewillplaytogetheragain ??? pic.twitter.com/eJdOV2Qs6h
— Kevin-Prince Boateng (@KPBofficial) August 12, 2018
Наводно, Боатенг од летово игра во Сасуоло, па наводно веќе знае нешто за потенцијалниот трансфер на Балотели, кој би можеле да го очекуваме во дресот на италијанската екипа.
Балотели сака да се врати во италијанската Серија А, но дали неговиот нареден клуб во кариерата ќе биде токму Сасуоло, останува да видиме во наредните денови.