Дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг изјави дека е почестен што интерес за него пројави Жозе Мурињо, и јавно му се заблагодари за понудата да се пресели во Манчестер Јунајтед.
Германскиот дефанзивец притоа откри дека лично му телефонирал на Жозе Мурињо за да му објасни зошто го одбива Манчестер јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Му се јавив на Мурињо и му реков дека сум почестен поради интересот и неговата голема упорност да ме ангажира Манчестер Јунајтед. Му ги објаснив причините зошто не ја прифатив понудата“, изјави Боатенг.
„Тешко е да се напушти Баерн, кој е еден од најголемите клубови во светот, особено откако тренер е Нико Ковач кој ме увери дека сум многу важен за тимот. Имав понуди од ПСЖ и Манчестер јунајтед и ги разгледував, но на крајот одлучив да останам“, додаде дефанзивецот.