Дома Фудбал Тандемот на Реал функционира перфектно: Белингам му кажа на Винисиус каква топка сака и гол падна по 30 секунди! (Видео)

Тандемот на Реал функционира перфектно: Белингам му кажа на Винисиус каква топка сака и гол падна по 30 секунди! (Видео)

Реал Мадрид ја победи Аталанта на гости со 3:2 и така ја прекина низот од два пораза во Лигата на шампионите. Килијан Мбапе, Винициус Жуниор и Џуд Белингам беа стрелци за Реал, а за Аталанта погодија Чарлс де Кетеларе и Адемола Лукмен. Особено добра акција Реал изведе во 59. минута кога поведе со 3:1. Асистент беше Винициус Жуниор, а стрелец Џуд Белингам. Камерите ги фатија овие двајца во разговор.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, Белингам побара од Винисиус да му упатува долги топки преку домашната одбрана. Само 30 секунди по договорот, акцијата беше успешна. Бразилецот убаво ја префрли одбраната на Аталанта, топката стигна до извонредниот Белингам, кој мајсторски ја заврши акцијата за две гола предност на актуелниот европски шампион.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овој податок открива зошто Перез сака само еден човек за нов тренер на Реал Мадрид

Реал Мадрид од следното лето ќе има ново лице на клупата, а еве зошто едно име е прв канди…