Во изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни пет натпревари, а за издвојување е поразот на Лејкерси од Оклахома.
На Оклахома не и оди баш најдобро од стартот на првенството и овој клуб има само две победи и тие две ги запишаа против Лејкерси. Откако славеа на првиот, Оклахома излезе како победник и во вториот натпревар иако во еден момент имаа 19 негатива (44:25).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Негатива кошаркарите на Оклахома имаа се до последната четвртина, а тогаш со една серија од 13:0 се вратија и поведоа со 84:88, тоа беше нивно прво водство во натпреварот. Завршницата беше неизвесна, Вестбрук имаше прилика да обезбеди продолженија, но промаши. На крајот Лејкерси го запишаа четвртиот пораз сезонава со 104:107.
Леброн не беше во составот на Лејкерси, Ентони Дејвис беше најефикасен со дабл-дабл од 29 поени и 18 скока. Вестбрук додаде 27 поени, Кармело Ентони 21. Во редовите на победникот Шал Гилџес Александар уфрли 27 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Филаделфија 98:109, Атланта – Јута 98:116, Мајами – Бостон 78:95, Феникс – Хјустон 123:111, Лејкерси – Оклахома 104:107.