Дома Трансфер зона Би-Би-Си тврди: Јунајтед конечно му дал дозвола на Роналдо да замине

Би-Би-Си тврди: Јунајтед конечно му дал дозвола на Роналдо да замине

Манчестер јунајтед има лош почеток на новата сезона, откако избраниците на тренерот Ерик Тен Хаг запишаа два порази во воведните две кола.

Главна тема повторно е Кристијано Роналдо и неговата желба да замине, иако клубот претходно инсистираше дека Португалецот не е на продажба.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Би-Би-Си“ објави дека извори од клубот откриваат дека односот на Роналдо прави проблеми во соблекувалната и затоа раководството му дало дозвола да замине.

„Во Јунајтед е уништена позитивната атмосфера, Роналдо прави проблеми и не комуницира со неговите соиграчи“, пишува медиумот.

Тен Хаг претходно кажа дека Роналдо сакал да остане, но тоа не го потврдува неговиот агент Жорж Мендеш кој бара нов тим за фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…