Баерн според пишувањата на шпанските медиуми заврши уште еден фантастичен трансфер.
Имено, клубот од „Алијанц Арена“ договори соработка со германскиот репрезентативец, Леон Горетцка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова момче блесна на Купот на Конфедерациите изминатото лето, беше еден од најдобрите играчи за „Панцерите“ кои го освоија ова натпреварување.
Она што Горетцка го прави посебно интересен за бројните европски тимови е фактот што има само шест месеци договор со Шалке и дека не планира подолго од тоа да се задржува во Гелзенкирхен.
Така за него интерес покажаа Арсенал, Ливерпул и Барселона, но Горетцка по се судејќи ќе остане во својата земја.
Баерн како што се наведува веќе договорил соработка со талентираниот играч за врска, а Горетцка, по истекот на договорот со Шалке ќе им се придружи на „Баварците“ следното лето.