Дома Фудбал Англија Билиќ изненаден: Зошто да добијам отказ? Јас вршам одлична работа!

Билиќ изненаден: Зошто да добијам отказ? Јас вршам одлична работа!

Вест Хем оваа сезона игра под очекувањата, па медиумите често пишуваат дека е разнишано столчето на менаџерот, Славен Билиќ.

Неодамна медиумите на Островот дури открија дека Манчини ќе биде негов наследни, но Билиќ е изненаден зошто некој мисли дека треба да добие отказ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Искрено, ме изненадуваат таквите гласини. Не знам зошто би добил отказ. Можам да се носам со тоа и не дозволувам тоа да влијае на мојата работа. Но, искрено, не разбирам зошто се зборува за тоа. Јас не сум тренер на Челзи или Манчестер Сити, па оваа позиција на табелата да биде разочарувачка. Ние тука правиме одлична работа и можеме да обезбедиме добар пласман на крајот од сезоната“, изјави Славен Билиќ.

„Треба да се има во предвид дека го променивме стадионот, дека имавме голем број на повредени фудбалери и дека не успеавме да донесеме некои играчи кои што сакавме да ги донесеме. Добро стоиме засега со оглед на тоа со какви проблеми се соочувавме“, порача Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Mилевски избра: Со офанзивна формација оди по три бода против Лихтенштајн! (Фото)

Maкедонската фудбалска репрезентација денеска од 18:00 часот го игра натпреварот против Ли…