Адуриз во февруари оваа година наполни 38 години, но голгетерот на Атлетик Билбао не загубил ништо од своите фудбалски вештини.
Синоќа со дуелот Атлетик Билбао и Барселона на Сан Мемес беше отворена новата сезона во шпанска Ла Лига, а ѕвезда на вечерта беше Адуриз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Адуриз влезе во игра во 88 минута, при резултат 0:0, а веќе во следната минута постигна мајсторски погодок со ножички за победа на својата екипа.
Навивачите на Атлетик Билбао уште еднаш беа сведоци на мајсторија од легендата на својот клуб, а имуни на неговиот магичен погодок не останаа ниту соиграчите.
Така, Адуриз имаше убав пречек при влегувањето во соблекувалната после натпреварот.
Сите кои беа во соблекувалната му честитаа, со аплаузи и овации, а видео од атмосферата објави Билбао на својот Твитер профил.