Дома Фудбал Италија Бизарен проблем во Торино: Фудбалерите на Интер си заминале од дербито без да се тушираат

Бизарен проблем во Торино: Фудбалерите на Интер си заминале од дербито без да се тушираат

Јувентус и Интер вчера одиграа 1:1 во рамките од дербито на колото во Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Интер со ова реми го зачува првото место на табелата со два бода повеќе од Јувентус. Но, на крајот од средбата се случила бизарна ситуација.

Имено, фудбалерите на Интер си заминале од Торино без да се тушираат по натпреварот. „Газета дело Спорт“ пренесува дека на стадионот на Јувентус се расипала пумпата за вода и притисокот бил премногу слаб.

Фудбалерите веднаш си заминале по средбата и вообичаеното туширање го одложиле за пристигнувањето дома.

На теренот ќе потсетиме, Душан Влаховиќ го доведе Јувентус во водство со гол во 26. минута, а конечните 1:1 ги постави Лаутаро Мартинез само пет минути подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Онана сака да се врати во Ман Јунајтед, верува дека повторно може да биде стартер

Камерунскиот голман Андре Онана планира да се врати во англискиот фудбалски клуб Манчестер…