Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Белгија, Марк Вилмотс е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска.
Со кусо соопштение фудбалскиот сојуз на оваа држава на својата интернет страница ја објави веста без детали за договорот и целите на селекцијата. Тој ќе го замени Французинот Мишел Диси, кој по слабите резултати на Купот на африканските нации и елиминацијата во групната фаза доби отказ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вилмотс од селекторската позиција во Белгија беше сменет по елиминацијата на Белгија во четвртфиналето на ЕУРО 2016 во Франција.
Тој претходно работеше како тренер на екипите на Шалке 04 и на Сент Труден, а пред да биде селектор на Белгија ја имаше и улогата асистент во оваа селекција.
Во својата држава Белгија, Вилмотс двапати беше прогласен за тренер на годината (2013 и 2014 година).