Се сеќавате на левиот бек на Реал Мадрид, Ројсон Дренте? Во 2007 година овој Холанѓанец потпиша за „кралскиот“ клуб, а од него се очекуваше во најмала рака да биде новиот Едгар Давидс.
Потсетуваше на Давидс по физичкиот изглед, но и по играта. Во Реал Мадрид се задржа пет години, каде запиша 48 настапи со оглед на тоа дека беше позајмуван во Херкулес и Евертон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот период поминат во Евертон го одбележаа расправиите со Дејвид Мојс.
„Се разправав со Мојс бидејќи мислев дека имам право со него да разговарам на тој начин. Сепак, беше во право за многу работи. Не можам да верувам дека и таму не успеав“, изјави Дренте.
После кратката кариера во Евертон премина во Спартак Владикавказ каде запиша само 6 настапи. Се врати во Англија во Ридинг во 2013 година, а година подоцна беше позајмен на Шефилд Веднесдеј.
После тоа преминува во турскиот Кајзери во 2015 година. Во тој клуб остана само шест месеци и се пресели во Абу Даби, каде се задржа само неколку месеци.
Денес е слободен играч!