Дома Топ вести Бејл сруши сопствен рекорд – по број на повреди!

Бејл сруши сопствен рекорд – по број на повреди!

Повредата на препоните поради која ќе ги пропушти натпреварите против Еспањол и Клуб Бриж за Герет Бејл е 25. од кога дојде во Реал Мадрид во 2013 година.

Така Велшанецот го сруши сопственикот рекорд од Тотенхем каде што за шест години се повреди 24 пати, пишува „АС“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Дури 10 од 25 повреди во Реал на Бејл му биле поврзани со листот на левата нога. Тој дел Бејл често пати го истегнува пред натпреварите, на полувремето, па и во текот на играта.

Во Реал од доаѓањето во 2013 година поради разни повреди пропушти 90 натпревари, но тоа не е преголемо изненадување ако се знае дека во Тотенхем за шест години одигра 203 од можни 323 натпревари. Најтешка повреда му беше онаа во 2007/2008 година кога поради скршеница на ногата одигра само 12 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Скандал: Фудбалер на Селта бил расистички навредуван против Барселона!

Тренерот на Селта Клаудио Хиралдес изјави дека навивачите на Барселона расно го навредувал…