Шпански „Дон Балон“ денес пренесува сензационала вест.
Според нивните информации Манчестер Јунајтед е спремен да плати 100 милиони евра за Герет Бејл во следниот преоден рок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубот од „Олд Трафорд“ има намера конечно да ја исполни долгогодишната желба и да го доведе Бејл кого го сакаше уште додека беше член на Тотенхем.
Бејл не е задоволен во Мадрид и е далеку од вистинската форма, а за дополнителни проблеми во неговото останување му прави одличната форма на Винисус Жуниор и најавеното доаѓање на Еден Азар.
Меѓутоа Јунајтед не е единствен кој го сака Бејл. Челзи би можел како замена за Азар да тргне токму по Бејл.
Можеби и поради тоа (потенцијалниот трансфер на Азар) поголеми шанси им се даваат на „сините“. Како и да е ако информациите на „Дон Балон“ се точни Бејл нема да го напушти Мадрид за сума под 100 милиони евра, што секако е одлично гледајќи го неговиот статус во тимот.