Герет Бејл ова лето се врати во Реал Мадрид после позајмицата од Тотенхем и под водство на стариот тренер Карло Анчелоти дојде до стартниот тим. Сепак се повреди после репрезентативната пауза и прогнозите не се добри.
Новинарот на шпанското радио КОП кој го покрива Реал Мадрид, Мигел Анхел Дијаз известува дека Бејл заработил руптура на тетивата и поради тоа ќе биде надвор од терените помеѓу осум и десет недели, односно околу два месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Диаз исто така пренесува дека Бејл е разочаран затоа што под водство на Анчелоти се чувствуваше одлично и конечно беше во плановите на Реал. Сигурно дека е тажен што ќе пропушти еден, ако не и два репрезентативни циклуси. Следните два циклуси се и тоа како важни затоа што се последните два во квалификациите за Светското првенство.
Велс води борба со Чешка за второто место во групата и неиграњето на Бејл сигурно ќе биде голем удар.