Во последно време се поглесни беа шпекулациите дека Герет Бејл ова лето би можел да го напушти Реал Мадрид и да се врати на Островот.
Сепак, Велшанецот категорично ги отфрли таквите тврдења. Тој има договор со европскиот шампион до 2022 година и нема намера да го напушти тимот кој е еден од најуспешните во историјата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Имам долгорочен договор со Реал Мадрид. Моето семејство е среќно тука и јас исто така сум среќен, па планирам да продолжам да играм за клубот. Освојуваме трофеи и јас сум задоволен“, изјави Бејл.
Со победата над Јувентус во финалето од ЛШ, Реал Мадрид стана европски шампион по 12-ти пат. Бејл верува дека овој состав може да биде поставен заедно до најдобрите кои Реал ги имал во својата богата историја.
„Ја освоивме три пати Лигата на Шампионите за четири години, па влегуваме во оваа категорија. Ако продолжиме да работиме на овој начин, ќе освојуваме уште. Се уште сме млади како тим и мислам дека можеме да станеме уште посилни“, додаде Велшанецот.