Вчера се појави информација дека Герет Бејл сериозно размислува за повлекување од професионалниот фудбал ако Велс не се избори за Мундијал преку плеј-офот, а денес се најавува нова опција за Велшанецот.
„Скај Спорт“ пренесува дека Бејл би можел да заигра фудбал во татковината. Наводно, Свонси и Кардиф се заинтересирани да му понудат договор. Тоа би значело дека Бејл би играл во Чемпионшип.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога е СП во прашање на Велс нема да му биде лесно затоа што прво треба да ја победи Австрија, а ако успеа во тоаа ќе оди на подобриот од Шкотска – Украина. Ако Велс не се пласира на СП Бејл на лето ќе донесе одлука – пензиај или играње во Чемпионшип.
Ќе потсетиме, на лето Бејл станува слободен играч затоа што му завршува договорот со Реал Мадрид.