Герет Бејл во неговото последно интервју за сајтот „Хет-трик“ откри дека би сакал да игра во МЛС, но и раскажа колку лош голф играч е Модриќ.
До прекинотот на сезоната Бејл баш и не прослави и успеа да постигне само три гола и да додаде две асистенции. „Кралевите“ се обидуваа да се ослободат од него, меѓутоа Бејл изгледа е решен да остане до крајот на договорот и да си добива 17 милиони евра по сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бејл призна дека во иднина би можел да заигра во МЛС.
„МЛС? Тоа е лига која расте, многу играчи има кои сакаат да одат во МЛС и сигурно дека и јас би бил заинтересиран. Сакам да одам на одмор во Лос Анџелес, таму играм многу голф“.
Потоа раскажа анегдота со Модриќ.
„Модриќ е убедливо најлошиот голфер во екипата. Еднаш во еден хотел кога немаше што да правиме отидовме на терен за голф. Го гледав како ја држи палката, немаше поим што прави. Се сврте со грб, ја промаши топката и падна на земјата. Погоди едно од 20 топчиња. Вториот ден дојде на доручек и се жалеше дека го боли грбот“, раскажа Бејл.