Доменик Ливаковиќ беше вистински хит во фудбалската јавност по Мундијалот во Катар каде што блескаше на голот на Хрватска.
Цело лето хрватскиот голман се поврзуваше со заминување од Динамо Загреб, а на крајот заврши во редовите на турски Фенербахче.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во последниот период е во лоша форма и добива сериозни критики. На последниот натпревар против Лудогорец во Лудогорец Фенер изгуби со 0:2, а Ливаковиќ тој натпревар го гледаше од клупата за резерви.
Навивачите на Фенербахче го критикуваат преку социјалните мрежи.
„Прима смешни голови“, „Ливаковиќ можеби е добар голман, но сега брани катастрофално“, „Не сакаше да го доведе ниту еден голем клуб. Интерес немаше дури ни откако бранеше добро на Светското првенство“, пишуваат навивачите на Фенер.