Познато е колку Мончи е добар во својата работа, но ќе успее ли да ги задржи важните играчи во Рим.
Сите се воодушевени од тоа како работеше во Севиља, а со исто темпо продолжи и во Рома, па не чуди што бројни клубови го скаат во својот табор. Мончи се поврзуваше со Манчестер Јунајтед и Барселона, според некои информации овие два клуба биле спремни да ја платат клазулата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се пишуваше и дека Рома може да ја напушти Шик, но според изјавата на Мончи тоа изгледа нема да се случи.
„Шик? Ние имаме многу доверба во него. Она што сте го слушнале за неговото заминување не е точно. Игра одлично и така ќе продолжи за да ни помогне да победуваме“, изјави Мончи.
Потоа Мончи потенцираше и дека тој самиот е среќен во Рим.
„Ништо не влијае на мојата работа, среќен сум во Рим и сакам да останам тука уште многу години“, заврши Мончи.