Дома Трансфер зона Беше на чекор до Милан, сега се сели во Интер

Беше на чекор до Милан, сега се сели во Интер

Напаѓачот на Порто, Мехди Тареми ова лето беше на чекор до Милан, но трансферот не се реализираше во последен момент.

Милан и Порто постигнаа договор, но агентот на Тареми не успеа да постигне договор со „росонерите“ околу висината на платата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сега 30-годишниот напаѓач влезе во последната година од договорот и на лето би можел да се пресели во Милано, но во дресот на Интер.

„Нероаѕурите“ се силно заинтересирани за иранскиот напаѓач и сакаат да го доведат без обештетување, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…