Дома Трансфер зона Беше желба на европските гиганти, а потпиша нов договор до 2027 година

Беше желба на европските гиганти, а потпиша нов договор до 2027 година

Репрезентативецот на Србија, Никола Миленковиќ (24) го продолжи договорот со Фиорентина до летото 2027 година, соопшти клубот од Фиренца.

Српскиот дефанзивец се споменуваше како потенцијално засилување за Јувентус, Интер, Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид…Но на крајот одлучи да го продолжи договорот со „виолетовите“.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Миленковиќ влегуваше во последната година од договорот, а клубот за него бараше сума од 20 милиони евра и таква адекватна понуда не доби.

„Во разговор со челниците ги сфатив нивните големи амбиции, клубот расте со голема брзина. Исто така ми беше важно Винчецо Италијано и понатаму да биде тренер на екипата“, изјави Миленковиќ.

Миленковиќ во Фиорентина пристигна во 2017 година и брзо стана незаменлив член на одбраната на италијанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер повторно доведува бесплатно засилување од Наполи?

Голманот на Наполи, Алекс Мерет би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната. Чувар…