Ѕвездата на Лион, Мемфис Депај доживеа големо понижување минатиот викенд.
Лион одигра нерешено на гостувањето против Ангерс (3:3), а холандскиот фудбалер по натпреварот одлучи да го поклони дресот на навивачите кои пристигнаа да навиваат за својот тим. Тој дресот го фрли меѓу навивачите, но тие не го сакаа. Дресот за брзо време му беше вратен од трибините и тоа директно во лицето.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Причината е незадоволството поради настапите на 23-годишниот фудбалер. Навивачите сметаат дека Депај не се труди премногу, посебно во дефанзивниот дел од играта, што на крајот донесува големи проблеми во тимот.
Можеби ова понижување ќе му ги отвори очите. но со оглед на неговото однесување во минатото, тешко дека тоа ќе се случи. Депај оваа сезона одигра девет натпревари за францускиот тим, а постигна три гола со исто толку асистенции.