Дени Дринквотер важи за еден од играчите кои поминале пат до ѕвездите и назад.
Овој 29 годишен фудбалер и поранешен англиски репрезентативец се најде во проблем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После одличните настапи во дресот на Лестер Дринквотер направи трансфер во Челзи каде што не се наигра. Формата се обиде да ја врати во Барнли каде што дојде на позајмица, но клубот „Турф Мур“ го отпушти на шест месеци пред истекот на договорот.
Во тековната сезона во Премиер лигата одигра 59 минути и уште 90 во Лига Купот кога третолигаот Сандерленд го елиминираше Барнли. Англичанецот имаше и проблем надвор од теренот кога неколкумина непознати лица го претепаа во бар во Манчестер. Поради тој инцидент мораше да оди на пауза од неколку месеци.