Ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва, и поставил на Барселона што поскоро да му дадат јасен одговор дали ќе биде трансферна цел на клубот следното лето, пишува каталонскиот „Спорт“.
Причината за ова е што Португалецот има понуда од „граѓаните“ за нов договор и значително зголемување на платата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бернардо Силва сака да се пресели на „Камп Ноу“, но во исто време нема проблем да остане во шампионот на Премиер лигата доколку каталонскиот гигант не може да му вети дека ќе направи се што е потребно за да го доведе.
Португалецот беше многу посакуван од тренерот Чави во последниот преоден рок, но договор никогаш не беше постигнат поради високата цена која ја поставија „граѓаните“.
Каталонски „Спорт“ пренесува дека Барселона не се откажува од намерата да го доведе и повторно ќе се обиде на лето.