Дома Трансфер зона Бернардо Силва даде зелено светло за преговори за кои никој не сонуваше дека се можни

Бернардо Силва даде зелено светло за преговори за кои никој не сонуваше дека се можни

Бернардо Силва беше еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити минатата сезона во освојувањето на тројната круна, а сега одлучи дека е време за нов предизвик.

Многумина очекуваа Силва да избере помеѓу Барселона и ПСЖ, но тој е на прагот на трансфер за кој никој не мислеше дека ќе се случи.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Манчестер Сити минатата сезона ја покажа својата неверојатна доминација и конечно стигна до првата титула европски шампион во својата историја.

Беше јасно дека Пеп Гвардиола ќе направи одредени промени во играчкиот кадар и ќе продаде неколку првотимци, но ретко кој можеше да очекува дека меѓу нив ќе биде и Бернардо Силва.

Се шпекулираше за напуштање на Португалецот од „Етихад“ минатата година кога Барселона го посакуваше, но тогаш каталонскиот клуб немаше доволно пари.

Но, се чини дека овојпат на Силва ќе му биде тешко да остане во Сити бидејќи и во клубот се свесни дека можат да заработат големи пари од неговата продажба.

Силва повторно се поврзуваше со трансфери во Барселона и ПСЖ, но се чини дека ништо нема да излезе од тоа бидејќи Португалецот донел сосема неочекувана одлука.

Медиумите во Англија синоќа објавија дека Бернардо Силва решил дефинитивно да го напушти Манчестер Сити и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија иако е во најдобрите години од кариерата.

Но, тој очигледно не може да ги одбие милионите од Северна Арабија, што само ја покажува силата на клубовите од таа далечна земја.

Се појави информација дека Бернардо Силва му дал зелено светло на Манчестер Сити да преговара со Ал Хилал и дека е подготвен да потпише за клубот од Саудиска Арабија доколку понудата биде задоволителна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…