Дома Трансфер зона Бен Арфа пред потпис со клубот кој во овој преоден рок не доведе ниту еден играч

Бен Арфа пред потпис со клубот кој во овој преоден рок не доведе ниту еден играч

Хатем Бен Арфа имаше неславна авантура во Шпанија, после истекот на краткотрајниот договор со Ваљадолид стана слободен играч.

Француските медиуми известуваат дека Бен Арфа многу брзо ќе потпише договор со Бордо, единствениот клуб од Лига 1 кој не доведе ниту еден играч во текот на овој преоден рок.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Искусниот офанзивец со Бордо ќе потпише договор на една сезона и вкупната плата ќе му изнесува нешто помалку од 100.000 евра.

Договорот е постигнат откако Бен Арфа го воодушевил тренерот Жан-Луис Гасет кој 33 годишникот го змета за гениј на фудбалската игра.

Бордо ќе биде шести различен клуб за Бен Арфа во француското првенство. До сега играше за Марсеј, Ница, ПСЖ и Рен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ердон Даци има нов клуб

Maкедонскиот фудбалер, Ердон Даци има нов клуб во Белгија и ќе го носи дресот на Деинзе. В…