Дома Фудбал Италија Бентнер: Кога дојдов во Јувентус десетина фудбалери во тоалет пушеа цигари

Бентнер: Кога дојдов во Јувентус десетина фудбалери во тоалет пушеа цигари

Данскиот напаѓач, Николас Бентнер промени многу клубови, а кратка авантура имаше и во италијанскиот гигант Јувентус.

Бентнер помина една сезона во Јувентус (2012/13), а сега открива шокантни детали од неговиот престој во Торино.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Немаше никого во соблекувална од соиграчите, а тоа ми беше прв ден во Јувентус. Наидов на група од 10, 12 фудбалери кои во тоалетот пијат кафе, разговараат и пушат цигари. Веднаш знаев дека ќе уживам во тоа“, изјави Бендтнер.

Џиџи Буфон и Андреа Пирло никогаш не криеле дека ги сакаат цигарите, но инсистираат дека тоа не влијае на нивните перформанси. 

„Што да им кажам на тие момци? Видете ги нивните кариери и нивната професионалност. Поради тоа што го покажуваа на теренот, не можевте да им замерите. Смешно беше кога Марио го критикуваа за пушењето во тоалетот и тоа беше приказна во сите весници. Во сите клубови каде што сум играл фудбалерите пушеле. Повеќе во Италија отколку во Англија“, вели Данецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…