Францускиот репрезентативец и напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема доби уште една награда за одличната 2021 година во која беше навистина неверојатен.
Бензема имаше одлична година во која не ја освои „Златната топка“, иако беше еден од кандидатите, но затоа доби признание од здружението на медиуми во Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќен сум и горд што ја освоив наградата. Ова беше моја најдобра година затоа што постигнав многу голови, асистенции и му помогнав на тимот да победува. Целта на Реал Мадрид е секогаш да победува и да освојува трофеи“, вели Бензема.
Французинот во сезоната 2021/22 одигра 28 меча во сите натпреварувања, а притоа постигна 24 гола и девет асистенции, од кои 17 гола и седум асистенции се во Ла Лига.