Дома Фудбал Бензема оди на операција во недела, но може да игра против Севиља

Бензема оди на операција во недела, но може да игра против Севиља

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, ќе биде опериран во недела, откако доби фрактура на десната рака за време на мечот со Бетис, потврди „Марка“.

Бензема сепак изрази желба да игра во сабота против Севиља, а еден ден подоцна да се подложи на интервенцијата. По неа, Карим ќе биде аут од терените околу две недели.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Кралевите“ имаат големи проблеми во нападот, каде повредени се Герет Бејл, Марко Асенсио и Маријано Дијаз.

Бензема очекувано не е повикан за вечерашниот меч против Леганес во Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потврдена лоша вест: Барселона без Рафиња и во потенцијалното полуфинале на Лигата на шампионите

Капитенот на Барселона, Рафиња, се здоби со нова повреда на задната ложа поради што ќе мор…