Денес УЕФА ги објави наградите за изминатата сезона во Лигата на шампионите која заврши со освоениот трофеј на Реал Мадрид во финалето против Ливерпул.
Сосема заслужено и очекувано Карим Бензема го освои признанието МВП на сезоната поради неговите одлични настапи, посебно во нокаут фазата. Сезоната во најелитното европско натпреварување Бензема ја заврши како најдобар стрелец со 15 постигнати голови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Човекот кој го одлучи финалето, Винисиус Жуниор е избран за најдобар млад играч.
Избран беше и идеалниот состав за оваа сезона, а тој изгледа вака: Куртоа (Реал Мадрид) Александар-Арнолд (Ливерпул), Рудигер (Чези), Ван Дајк (Ливерпул), Робертсон (Ливерпул), Де Брујне (Манчестер Сити), Модриќ (Реал Мадрид), Фабињо (Ливерпул), Мбапе (ПСЖ), Бензема (Реал Мадрид), Винисиус (Реал).