Андреа Белоти е еден од најдобрите италијански напаѓачи, но следното лето сигурно ќе го напушти Торино.




Белоти влезе во последната година од договорот со „биковите“ и нема намера да го продолжи, а на маса веќе има три понуди.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Првата е од клубот за кој не крие дека навивал во детството, Милан. „Росонерите“ сметаат дека Белоти ќе биде одличен наследник на Ибрахимовиќ и долгорочно решение за нападот.




Втората е од Рома бидејќи Мурињо многу го цени „петелот“ и верува дека ќе биде одлична замена за Џеко.
Сега во трката за потписот на Белоти се вклучи и Фиорентина, која во него гледа идеална замена за Влаховиќ.