Хекотор Белерин измиминатите две сезони се етаблираше во еден од најдобрите десни бекови во Премиер лигата, но најверојатно на крајот на сезоната ќе го напушти „Емирати“.
Шпанецот, иако неодамна го продолжи договорот со „топџиите“, спремен е да ја промени средината после уште една фрустрирачка сезона за Арсенал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека ваквата ситуација сака да ја искористи Јувентус, кој веќе спремил понуда од 45 милиони евра за Белерин.
Меѓутоа, „старата дама“ тешко ќе дојде до неговиот потпис бидејќи конкуренцијата за Белерин е огромна.
За Шпанецот силен интерес покажуваат уште Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.