Шпанскиот фудбалер Хејтор Белерин денес се најде во центарот на вниманието на островските медиуми откако откри дека добива сериозни критики од трибините поради својот изглед.
Белерин е познат по својот стил на облекување кој навистина е специфичен, а навивачите во Англија поради тоа му испраќаат разни навреди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот сега одлучи да одговори на навредите.
„Поголем број од навредите ги добивам на друштвените мрежи, но ги слушам и на стадионите. Неодамна скандираа дека сум лезбејка поради тоа што имам долга коса, но има и поинаков вид на навреди, како тоа дека сум хомосексуалец. Се обидувам да не реагирам, но често пати многу ме повредува. Проблем е што луѓето имаат некоја своја идеја како еден фудбалер треба да изгледа и се однесува“.
„Ако сте малку поинаков тогаш тоа не е нормално. Во фудбалот е невозможно да кажете дека сте хомосексуалец бидејќи навивачите не се спремни да прифатат такво нешто. Не знам поради што луѓето се толку лути ако некој сака да биде поинаков. Се додека не повредувате некој не гледам во што е проблемот“, изјави Белерин.