Дома Фудбал Англија Белерин во 90+ им ја одзеде од рака победата на „Плавите“ на „Емирати“ (ВИДЕО)

Белерин во 90+ им ја одзеде од рака победата на „Плавите“ на „Емирати“ (ВИДЕО)

Во пресрет на 22. коло во англиската Премиер лига, Арсенал на „Емирати“ ја пречека екипата на актуелниот шампион, Челзи.

Имено двата лондонски гиганти одиграа реми, и тоа благодарение на погодокот на Белерин во судиското продолжение на мечот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Првото полувреме, и покрај шансите на обете страни не донесе погодоци.

Првиот беше постигнат во вториот дел а резултатот го отвори Вилшер. Подоцна по досуден пенал, Азар беше сигурен за гостите и донесе 1:1.

Маркос Алонсо во 84. минута по одличниот центаршут на Запакоста, го зголеми водството на Челзи, а погодокот за реми и поделба на бодовите го постигна Белерин во 92. минута од мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Капело: Гатузо не треба веднаш да замине

По неуспехот на Италија да се квалификува на Светското првенство по трет пат по ред, се оч…