Дома Фудбал Останато Белгија задоволна од селекторот, Тедеско останува до 2026 година

Белгија задоволна од селекторот, Тедеско останува до 2026 година

Селекторот на Белгија, Доменико Тедеско го продолжи договорот со националната фудбалска федерација до крајот на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Претходниот договор на германско-италијанскиот стручњак истекуваше по ЕП 2024 година, па двете страни се договорија да го продолжат до завршувањето на СП 2026 .

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„За мене е привилегија да бидам селектор на Белгија. Сите во стручниот штаб уживаме во оваа работа. Многу сум задоволен што ќе го продолжиме патот кој заеднички го избравме“, изјави Тедеско.

Белгија со Тедеско заврши прва во групата Ф во квалификациите за ЕП 2024 без пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Добри вести за Ливерпул: Исак во конкуренција за мечот против Ситија

Одлични вести за навивачите на Ливерпул пред големото дерби со Манчестер Сити. Александар …