Дома Трансфер зона Бекот на Атлетико Мадрид мета на „старата дама“

Бекот на Атлетико Мадрид мета на „старата дама“

„Старата дама“ по Марио Манџукиќ и Марко Пјаца би можел да доведе и трет Хрват и тоа од редовите на Атлетико Мадрид.

Станува збор за Шиме Вршаљко за кого подол период интерес покажува тимот на Наполи. Вршаљко не е задоволен од минутажата која ја добива кај Диего Симеоне, па поради тоа наскоро би можел да се врати во Серија А каде што некогаш го носеше дресот на Сасуоло.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според „Калчомеркато“ Јувентус му ја нуди позицијата на десната страна, но има една препрека. „Старата дама“ прво ќе мора да се ослободи од Стефан Лихштајнер, швајцарскиот репрезентативец, на кого договорот му истекува во тековната сезона.

Швајцарецот би сакал да замине од Торино, но во овој момент нема задоволувачка понуда, па средината веројатно ќе ја промени во летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…